Жители на Велешта, натепале стружанец, вевчанец дал лажен исказ

Регион

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Н.(39) и Е.В.(30), двајцата од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „тешка телесна повреда“ и против М.Ј.(37) од село Вевчани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „давање лажен исказ“. На 03.03.2019 пред угостителски објект во Струга прво и второпријавениот физички го нападнале Р.Ч.(42) од Струга, при што му нанеле тешки телесни повреди. Третопријавениот се обидел да го спречи нападот, а подоцна во Полициската станица Струга  дал лажен исказ во врска со настанот. 

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged