Силјановска на средба со Азески: Економската дипломатија ќе биде дел од нејзината програма

Македонија

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, во придружба на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Денешната средба со претставниците на Стопанската комора на Македонија беше исклучително корисна, поради фактот дека способноста на една држава во меѓународните односи, меѓу другото, се мери со капацитетите да се вклучи во глобалните стопански текови, но и да одговори и одолее пред потресите кои доаѓаат однадвор во вид на кризи, појасни Силјановска.

По средбата Силјановска додаде дека предуслов за функционална економија е правото и правна држава, и се додека не се воспостави тоа во Република Македонија нема да има развој и просперитет. Таа нагласи дека економијата е најзначајна за македонските граѓани. За жал, смета таа, економските индикатори покажуваат дека имаме намалување на извозот, намалување на продуктивноста и производството, зголемена зависност од други земји.

– Зголемените даноци ги земаат првите жртви, даночна евазија и помала наплата на даноците. – нагласи Силјановска.

Силјановска најави дека значаен дел во нејзината програма ќе биде посветен на економската дипломатија со цел да се подобри животот на граѓаните на Република Македонија кои имаат право на достоинствен живот како што им доликува.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged