СДСМ ги уништи јавните претпријатија во Охрид, „Нискоградба“ е пред колапс

Охрид

Сликата , или она кое што го разговаравме во изминатата година по однос на кварталните извештаи ја добивме како слика и во годишните извештаи, а тоа е дека општинските јавни претпријатија се во катастрофална состојба, изјави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Единствено, вели Пецаков , јавното претпријатие „Градски Гробишта“ може да се изземе од ова со оглед на тоа што е доста активно периодов и добиваше работи , всушност приходот и она кое што го прикажува на крај како позитива во работењето се должи на тоа што соработуваше со општина Охрид, во таканаречените договорни услуги со правни лица што не е случај со останатите претпријатија кои што без исклучок се во негатива споредбено со изминатите години.

-Имаме случај каде што тоа е намалено, а од друга страна имаме зголемување на платите и тоа зголемување не е рамномерно според бодот, тоа е зголемување на своите партиски послушници. Зголемени се трошоците за репрезентација , зголемени се трошоците за гориво. Конкретно случајот е за „Нискоградба“, која што наследи 24 милиони побарувања од општина Охрид со платен данок, фактурирано се, значи чисти пари 24 милиони. Откако дојде СДСМ на власт, се до денеска тие 24 милиони се сведени на 8 милиони, значи 16 милиони се потрошени, напомена Пецаков.

Според Пецаков, ова претпријатие добива работа која е три пати помала од претходниот период, а за сметка на тоа потрошеното гориво, потрошените средства за резервни делови, за репрезентација се три пати поголеми што е нелогично и затоа ова претпријатие тони .

-Јас на седница на совет за првиот квартален извештај бев повеќе од прецизно јасен и дадов предвидување дека некаде околу нова година „Нискоградба“ не ќе може да ги исплати повеќе вработените и за тоа претпријатие ќе настапи кризен период, потенцира Пецаков и додава:

„Ист е случајот и со Водовод, зголемени плати, зголемени приходи со фиксниот надоместок и со зголемување на цената на водата и за колектор, а имаме негативен финансиски извештај. Иста е сликата и со останатите јавни претпријатија, па и со „Билјанини“ извори кои што оствариле приближен приход исто како кога немало покачување на цените на паркинг услугите“.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged