Константин Георгиески фатен во лага: Вели дека касарната е исчистена, а сликата на терен го покажува спротивното

Охрид

В.д. градоначалникот Константин Георгиески фатен во лага. Имено денеска Георгиески давајќи извештај за денешната седница на советот на општина Охрид, се пофали дека ЈП „Охридски комуналец“ доживува ренесанса во работењето. На прашањето на ОХРИД 24 како кажува дека претпријатието доживува ренесанса кога речиси низ цел град има депонии, а конкретно му ја посочивме касарната во Охрид, ни одговори-цитираме:

“Кога последен пат сте биле во касарната. Касарната во моментов се чисти, општина Охрид плати 600 000 денари на Комуналец и таму се работи на расчистување и на средување на касарната. Јас бев во саботата“.

За да го демантираме Георгиески ќе објавиме неколку фотографии направени денеска, па јавноста и читателите сами нека проценат колку е исчистена касарната.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged