Николоски: Победата на Силјановска Давкова на претседателските избори значи пад на владата на Заев!

Македонија

Во своето гостување во емисијата „И што сега“ на МРТ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски повикувајќи се на изјавата на Заев, истакна дека победата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, ќе значи пад на владата на Заев.

Николоски е убеден дека Пендаровски ќе ги загуби претседателските избори и се надева дека во најкус можен рок ќе се случат предвремените парламентарни избори.

-Јас во однос предвремени избори го следам она кое што го кажа Зоран Заев. Тој денеска спомена дека доколку Стево Пендаровски изгуби, Владата ќе падне и ќе се случат предвремени избори. Еве да го држиме за збор, Пендаровски ќе изгуби на претседателските избори и се надевам дека Заев ќе си го одржи зборот. Односно победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори значи пад на владата на Заев и значи вовед во парламентарни избори кој што се надевам ќе се случат во најкус можен рок, вели Николоски.

Потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, констатираше дека коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ претставував една неприордна коалиција којашто се создава во овој период и е надвор од сите правила на едно меѓуетничко разбирање и општење во Република Македонија.

– Неприродна е зошто тоа е напушатње на основниот принцип победник со победник и ова е континуитет којшто на крај ќе резултира со фрустрации, а може да резултира со проблеми, истакна Николовски. Николовски посочи дека ниту СДСМ верува дека може да го победи ВМРО-ДПМНЕ, ниту ДУИ верува дека ќе може да ја победи албанската опозиција и затоа тие решиле да се спојат се со цел да не се знае чии гласови чиви се.

-По објавата на кандидатурата на проф. Гордана Силјановска апсолутно сметам дека водиме и дека ќе победиме на престојните претседaтeлски избори, потенцираше Николовски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged