СКАНДАЛ:Во „Водовод“ Охрид лица со средно образование блиски до СДСМ земале поголеми плати од вработени со високо образование

Охрид

Партиски послушници на СДСМ вработени во ЈП „Водовод“ иако со средно образование земале поголеми плати од лица со високо образование. Ова го обелодени координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Охрид, Кирил Пецаков.

-Во Македонија има закон за бодот и се знае со кое образование колку бодови може да имате. Во „Водовод“ има вработени со средно образование кои што земаат поголема плата од вработени со високо образование. Има случај каде вработени со средно образование земаат над 30 000 денари плата. Токму поради тоа младите се иселуваат од Охрид. Ние треба да се бориме да го искорениме тоа, да го усогласиме бодот со образованието, изјави Пецаков.

Тој појаснува дека иста е ситуацијата и во останатите јавни претпријатија и поради тоа имаме зголемување на цените на услугите.

Потврда на констатацијата на Пецаков, стигна и од директорот на ЈП „Водовод“, Владимир Алексијoски, кој рече дека тоа е точно.

-Да постојат такви личности, кои што со средно образование земаат некои добри 4 000 – 5 000 денари повисока плата него оние со високо образование, што за мене како високо образован не е во ред, изјави Алексијоски.

ОХРИД 24


Please follow and like us:
Tagged