Мерко се поднови со четири автомобили, од кои еден е луксузна лимузина од 66.700 евра

Регион

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ќе се поднови со четири нови автомобили, од кои и една луксузна лимузина. Вкупната вредност на набавката е 114.000 евра, иако општината за оваа набавка планираше да потроши 100.000 евра, објави Фокус.

Договорот за набавката на лимузините бил склучен на 28 ноември, а денеска беше објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки. Според договорот, ќе бидат набавени едно „ауди А6“, односно лимузина седан со четири врати, вредно 66.700 евра, „шкода октавија“, лимузина со пет седишта вредна 18.700 евра и две „шкода рапид“, исто така лимузини со пет седишта кои чинат по 14.205 евра.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged