СВР Охрид изврши промена на фиксните телефонски броеви

Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните дека изврши промена на фиксните телефонски броеви. Така, досегашниот службен број на СВР Охрид, 262 010 и сите придружни броеви, не се во употреба и се заменуваат со новите броеви 219-100 и 219-111. За граѓаните надвор од Охрид, останува повикувачкиот префикс 046. Со веќе поставената нова и современа телефонска мрежа во СВР Охрид, на граѓаните им се овозможува директно бирање до локалите во сите служби. Доколку, барате одредена служба од фиксен телефон, најнапред го бирате бројот 21, а потоа и бројот на локалот. Ако барате од мобилен телефон, тогаш го избирате бројот 072 33 а потоа број на локалот. На тој начин, директно ја добивате службата или службеникот што ви се потребни.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged