Учениците од „Братство“ се потсетија на приказната за штурецот и мравката

Култура

1 Април – Денот на шегата во НУ Библиотека  „Григор Прличев“ беше одбележан со презентацијата на приказната за „Штурецот и мравката“.

Гости во библиотеката беа учениците од трето одделение од ОУ „Братство – Единство“ заедно со своите учителки: Наташа Балева и Оливера Дамјаноска.

Елизабета Бојческа и Христина Трпеска, вработени во библиотеката им ја презентираа приказната преку збор и слика, а потоа следеше и разговор со учениците и се откри поуката што во себе ја крие оваа секогаш актуелна приказна.

Презентацијата ја подготвија м-р Мариче Боздоганова и Елизабета Бојческа.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged