Мицкоски од Вевчани: Правдата во Македонија има непријател и тој се вика Зоран Заев

Регион

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните на Општина Вевчани.

Мицкоски посочи дека граѓаните и  државата се соочуваат со голема неправда од Зоран Заев и неговата влада, а овие претседателски  избори се шансата да се даде жолт картон на ова што се случува во моментот, а со тоа ќе се отвори патот кон предвремени парламентарни избори.

-Правдата во Македонија има непријател и тој се вика Зоран Заев. Тој заедно со неговите луѓе се носители на неправдата во нашата држава. На овие избори да им дадеме жолт картон, пред исклучување. Зошто ако не, ќе мислат успеале да ве измамат и им поминало, истакна Мицкоски.

Мицкоски побара поддршка за кандидатот за Претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова истакнувајќи дека токму таа е личноста која ќе ја заштити правдата и интересите на Република Македонија.

-На Македонија и треба надеж, таа надеж се вика правда за Македонија. Јас верувам во таа надеж, верувајте и вие, заедно ќе се избориме. Дојде тоа време кога цврста жена како Гордана Силјановска Давкова треба да ја штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе стави крај на демакедонизацијата, ќе биде на страната на правото и правдата, која ќе се бори за закони во рамките на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции. Да се избориме за правда за Македонија. Татковината повикува, напомена Мицкоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged