Силјановска Давкова од Струга: Промената на името не е успех, тоа е голем пораз

Регион

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова вечерва се обрати пред стружани. Таа истакна дека се чувствува разочарано бидејќи 75 години по АСНОМ денеска не ја чувме химната.

-Сета македонска приказна е во химната, во борбата за правдините, ама денеска премиерот всушност го прекрши законот за грбот, знамето и химната. Закон што се носи со двотретинско мнозинство, закон во кој што се вели дека било каква официјална средба уште на аеродромот и пред Владата и пред било кој орган мора да се емитуваат, да се чујат химните на двете држави. Не ми се верува. Кога пред неколку месеци се коваше, кога се носеше Преспанскиот договор реков дека следното што ќе биде на удар ќе биде химната, а ве потсетувам на химна се плаче, пред химна се стои простум, со химна се победува, со химна се радува. Не, ние ја немавме денеска  таа можност барем преку химната да покажеме дека сме нормална, рамноправна држава, оти држава без химна нема важен симбол. Химната е Македонија, Македонија е химната! Но, не за нив. Но, да за нас! Не ни преостанува ништо друго, освен да продолжиме да се бориме за своите правдини, нагласи Давкова.

Таа претходно беше во посета на општина Дебрца, каде оствари средба со жителите на село Волино.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged