5 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медали за „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец на СКОПЈЕ ОПЕН

Спорт

Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид викендов учествуваше на меѓународниот турнир „Скопје Опен“ по ВТ правила (олимписко таеквондо).

-Нашиот клуб настапи со 13 натпреварувачи, од кои повеќето дебитанти. Сите натпреварувачи се закитија со медал, при што се освоени 5 златни,4 сребрени и 5 бронзени медали. Посебно не радува фактот што некои натпреварувачи за прв пат го почуствуваа натпреварувачкиот дух, а воедно беа и наградени за нивниот вложен труд. Користиме прилика да изразиме најголема благодарност до нашиот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“ кој е најзаслужен за сите наши успеси, велат од клубот.

Освојувачи на медали се : Димитар Андрески деца Б -30 кг. бронза, Теодор Стефаноски деца Б -48 кг. бронза, Стефан Богоески деца Б -52 кг. бронза, Филип Трифуноски кадет Б +65 кг сребро, Никола Балчески кадет Б -49 кг. злато, Божидар Димитриевиќ кадет А +65 кг. сребро, Дарјан Китаноски деца Б -40 кг. бронза, Марио Крстески кадет Б -45 кг.злато, Михаил Јоноски деца Б -40 кг.злато, Климент Богоески деца Б -36 кг.сребро, Стефан Каланоски јуноир Б -59 кг.сребро, Александар Пуцоски јуноир Б-63 кг злато, Леон Деспотоски деца Б -40 кг злато.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged