Милошевски ги информирал претставниците на ДИК и НДИ за притисоците кои се прават во јавните претпријатија пред гласањето

Охрид

Претставници на Државната изборна комисија и на Националниот демократски институт денеска беа во работна посета на Охрид, каде остварија средба со членовите на Општинската изборна комисија, како и со кандидатите за градоначалници, односно нивни претставници.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски, ги информирал претставниците на ДИК и НДИ за притисоците кои власта ги прави во јавнте претпријатија пред гласањето.

На средбата потенцирав дека покрај мирниот почеток и коректните изјави од кандидатите, имаме забелешка за влијанието на директорите на јавните претпријатија и на определени центри кои се обидуваат да вршат притисок врз своите вработени. За ова ќе дадеме забелешка до соодветните органи. Сакам да апелирам да престанат тие притисоци особено врз оние вработени со договор на определено работно време примени во службите во општина, а воедно ги охрабрувам и тие лица да си постапат по сопствена волја, истакнал Милошевски на средбата.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged