Давид Крстески-нашата гордост, на 11 години трет во Европа

Спорт

Македонската ИТФ под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, благодарение на генераланиот спонзор „ПН МЕТАЛ”, од 01.04 – 08.04 2019 учествуваше на Европско Такевон-до ИТФ првенство  во Римини-Италија, каде учествуваа околу 1200 учесници од 30 земји во Европа.

Нашата екипа беше составена од двајца натпреварувачи:

Давид Крстески , кој настапи во две дисциплини

  -форми за црвен појас,кадети (11-13 год.) и

  -спаринг-борби -40 кг, кадети (11-13 год.)

Филип Јосифоски, кој настапи во три дисциплини

  -форми за црн појас II дан, сениори

  -специјални техники, сениори

  -спаринг-борби -64 кг, сениори

Давид Крстески кој наполна 11 години и ги исполна сите критериуми за учество на Европско првенство, е нашата гордост  бидејќи можеме да се пофалиме дека на 11 годишна возраст имаме шампион кој не израдува со медал од Европско што досега во нашата држава не се има случено, неговите успеси ни даваат надеж дека некогаш ќе биде освојувач на некој медал од некој голем натпревар. авид Крстески во стилот на најголемите мајстори тоа го направи  на само 11 години, со што ги оправда сите очекувања, сите семинари, сите вложувања во него, а со тоа докажа дека  има светла иднина за него во овој спорт. Солзите радосници беа неизбежни на овај магичен момент кога дете од 11 години ќе ја претстави гордо својата држава и ќе се избори за место на пидесталот, покрај големите веле сили, каде и судиите се против нас, но Давид Крстески настапи  храбро без ниту еден грам сомнеж во неговата техника и го освои бронзениот медал во форми за црвен појас – кадети. Во полуфиналето судиите беа пристрасни и му ја дадоа победата на претставникот од Русија, со минимална предност. Во првиот круг  го совлада претставникот на Романија, во вториот круг го совлада претставникот на Украина, во третиот круг претставникот на Словенија, додека во четвртфинале не успеа да ги победи судиите кои му го одзедоа финалето. Како и сите мали федерации, така и за нашата федерација, борбата за медал е многу потешка отколку на големите федерации кои имаат голем број натпреварувачи, нивни судии и се привилигирани во однос на нас. Знаејќи дека златото и среброто се тешко достижни за нас, оваа бронза сјае како злато и секогаш ќе даваме се од себе во иднина да дојдеме до нив. Истотака и во борби,  во првата борба беше  совладан од судиите против претставникот од Велс, при негова целосна доминација и водство во текот на двете рунди, главниот судија од Англија, беспотребно му даде неколку опомени на Давид Крстески, со што му намалија бодовна разлика и при крајот на борбата после нерешен резултат, судиите допишаа некој поен кај противникот и му ја одзедоа победата на Давид. Имавме јавен протест, ни рекоа дека сме во право, ама дека не можеле да менуваат резултат после прогласувњето, вели претседателот на македонската ИТФ репрезентација, Марјанчо Лазаревски и надополнува.

Филип Јосифоски, во форми и специјални  техники беше елиминиран  уште во првиот круг, додека во борби беше прв во својата група, совладувајќи ги противниците на Италија и Велс, при што во двете борби направи еден од најатрактивните вртени удари во скок за 540 степени, воедно беше и единствен. После групата, се пласира во четвртфинале при што загуби во борбата за медал од претставникот на Грција, а со тоа и можноста да бидеме земја  која со два натпреварувачи освоила два медали. Сакаме да се пофалиме дека и покрај малата екипа, докажавме дека сме рамо до рамо со големите сили, така што нашиот пласман е во средината. Италија како земја домаќин на ова европско првенство настапи со 24 натпреварувачи и освои само три бронзени медали, Романија  со 17 натпреварувачи без ниту еден освоен медал. Чувството на освоен медал со само двајца натпреварувачи во однос на другите, уште толку не исполнува. За сите тие незаборавни моменти, солзи радосници најзаслужен е генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” при што користиме прилика повторно да изразиме најголема благодарност и ветуваме дека гордо и достојно ќе го претставуваме.“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged