ООУ ,,Браќа Миладиновци“ без огрев, а учениците држат скратена настава

Регион

Повторно тажен и срамен настан во нашата Струга. Старата зграда на ООУ ,,Браќа Миладиновци“ е без огрев веќе извесен период, а учениците држат скратена настава. Токму затоа има силни, но и оправдани реакции на родителите, чии деца учат во ова училиште, а истите, за жал, веќе се здобиле со настинки поради претрпениот студ, велат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Почитувани, зарем има цена здравјето на нашите деца? Иако, од општина Струга, веќе излегоа со демант, сепак, фактот дека децата премрзнаа во овие неколку дена, не можат да го побијат. Се прашуваме, како ќе одговараат  и со што ќе се оправдуваат овојпат локалната власт и директорката на ООУ,,Браќа Миладиновци“? Кога се купуваат луксузни возила од 67 000 евра за градоначалникот на општината, технички грешки не се случуваат и средства има, а кога е во прашање образованието на најмладите, нема? Како смееле одговорните лица да дозволат ваков проблем, како ќе се надомести настанатата штета? Што ќе биде со разболените дечиња и со нивното здравје? Нормално е дека повеќето од нив, сега ќе отсуствуваат од настава. Господа од власта, нели особено, ќе водевте грижа за образовниот систем и учениците во нашата држава? На овој начин ли го правите тоа? Да ве потсетиме, образовниот систем треба да биде на ниво со европските прописи и стандарди. Оваа грешка е недопустлива, а штетата е ненадоместлива! Да се нема огрев во 21от век, е голем срам, а резултат на тоа се разболени деца и наставен кадар, велат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Оттаму нагласуваат дека одговорност мора да има и бараат истата да ја сноси директорката на училиштето.

Вие директорке, како менаџер на образовна институција, треба да ги застапувате пред се, интересите на учениците  и вработените. Господа од власта, образованието целосно сте го запоставиле, но затоа пак, фирмите на вашите блиски цветаат на сите полиња. Ве предупредуваме, ова лудило ќе запре! Мора да запре! Народот секојдневно се соочува со суровата реалност и страда поради вашите грешки и затоа набрзо со сигурност ќе ве казни, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Please follow and like us:
Tagged