Makraduli

Чист воздух кога ќе сме во НАТО и ЕУ: Макрадули го допре дното, здравјето на граѓаните не било приоритет

Македонија

Јани Макрадули, заменик-министерот за животна средина вели кога нашата државата ќе влезе во ЕУ и НАТО најголем приоритет ќе треба да биде решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.

„По мое длабоко убедување проблемот со загадениот воздух е најголемиот предизвик на општеството после интеграцијата во НАТО и ЕУ. И откако со исклучителен ангажман на владата, а пред се со напорите на Премиерот Заев се заокружи тој процес, на ред (иако не треба ова да биде дел од некоја листа, туку приоритет број еден) доаѓа борбата за намалување на аерозагадувањето. Да нема дилеми, моја е одговорноста, не барам алиби. Ама и знам дека повеќе граѓани и граѓански организации се приклучија на планот отколку што посакаа канцер. Време е да се реши загадувањето“, пишува Макрадули на социјалните мрежи.

Please follow and like us: