Милошевски:Развојот на туризмот е наш врвен приоритет

Охрид

Охрид како туристичка дестинација мора да ги отвори вратите за туристите како богатото културно и природно наследство на УНЕСКО. Со сериозна стратегија и пристап кон една од најважните економски гранки за охриѓани-туризмот, директно ќе придонесеме во локалната економија која после падот и стагнацијата во последната година ќе даде оптимистички показатели, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски, презентирајќи дел од неговата програма.

Нови проекти за убав град: Формирање на Локален економски совет за интезивирање на соработката помеѓу општината и приватниот сектор. Изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид за правилно насочување на ресурсите во градење на модерна индустрија која е неопходна за остварување на одржлив економски развој. Oтворање Туристичко биро во рамките на ТЛЕР кое ќе функционира во туристичко-информативниот центар преку кое ќе оди промоција на туристичката понуда и производ на градот, давање услуги во посредување при сместување, информација за настани и туристички производи, дистрибуција на промотивен материјал и сл. Воведување бесплатен бежичен интернет на најпосетувани локации во градот кој ќе биде достапен и за граѓаните и туристи. Традиционално одржување на туристичката „Промотивна Тура“ со цел широка медиумска промоција на Охрид како и креирање на нови пакет аранжмани. Фестивал „OHRID CALLING“ како бренд кој во голема мера ќе го промовира Охрид насекаде низ светот. Воведување видео надзор на јавни површини и објекти од јавен карактер и интерес за да се зголеми безбедноста. Набавка на мултифункционална бина со озвучување и осветлување за зголемување на квалитетот на манифестациите и збогатување на туристичката понуда на Охрид. Поддршка на туризмот преку конгреси, семинари за развој на конгресниот, здравствениот, културниот, верскиот, спортскиот и сите видови туризам. Перманентна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид преку директни промоции во повеќе градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл), и локални и национални медиуми, амбасади и претставници на властите, ќе бидат промовирани туристичкиот потенцијал и производ на градот, сместувачките капацитети и целокупната понуда. Континуирана туристичка промоција на Охрид за јакнење на меѓународната соработка и зголемување на довербата со збратимените градови и со градовите со кои заедно аплицира, како и таргетираните дестинации во кои се врши промоција на градот Охрид. Интензивирање на меѓународната соработка со соседните држави во насока на искористување на европските програми за финансирање на проекти на Локалната самоуправа. Развојот на туризмот е нашиот врвен приоритет затоа што значи истовремено и директно и индиректно зголемување на бројот на вработени во градот. Овие и многу други мерки ќе придонесат Охрид да стане препознатлив и често посетуван, нагласи Милошевски и надополна:

Избори на кои единствената опција е бројот 5. 5 за секогаш убав град. 5 за нов градоначалник, 5 затоа што Охрид повикува!

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged