Кривична за охриѓанец кој спротивно на Закон и без одобрение изградил куќа

Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,бесправно градење”, СВР Охрид, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.Ч.(72) од Охрид. Тој, во текот на првото тримесечје од 2019 година , на улицата „Охридска бригада“ во Охрид,  спротивно на  Законот за градење, и без одобрение за градба,  изградил индивидуална куќа. Нелегалната градба била констатирана и од овластен општински градежен инспектор кој донел Решение за отстранување на градбата.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged