Митре Милошевски: Иако Општина Охрид е раздолжена од страна на владата, повторно тоне во загуби

Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО – ДПМНЕ, Митре Милошевски во емисијата “24 Анализа”, во врска со долговите на општина Охрид побара од останатите кандидати да не се вадат на лошата финансиска состојба на општината и тоа да не им биде алиби за работата доколку бидат градоначалници.

-Ние треба да си ја преземеме одговорноста на состојбата во Општината. Долгот на Општина Охрид е вратен. Владата одобри средства и тој е вратен. Како е вратен, во кои проценти на тие што го побаруваат, тоа е друго прашање. На некои 30 отсто, на некои 50, а на некои 80 отсто. Но, еве ако веќе не правиме долгови, зошто имам податоци дека во 2018 година дел од претпријатијата повторно работат со загуби. На пример “Градски пазар” за 2018 година има загуба од 1 милион и 745 илјади денари, “Проаква” од 3 милиони и 660 илјади денари, “Нискоградба” има загуба од 1 милион и 538 илјади денари итн. Значи Општината минатите две години повторно правела нови долгови. Како ќе работиме ако цело време ствараме нови долгови. Со ова темпо пак ќе се направи долг од над 20 милиони денари, истакна Милошевски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged