Изградба и реконструкција на улици, набавка на инсталација на асфалтна база во едно Јавно претпријатие и уште многу други проекти за убав град вети Милошевски

Охрид

Патната инфраструктура и транспортот се лицето на градот. Изградбата и одржувањето на локални патишта овозможува одржлив развој на градот како туристички центар и услови за безбеден и динамичен сообраќај, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски, кој наведе неколку проекти од неговата програма.

-За убав град реконструкција на улиците: Абас Емин, АСНОМ, Егејска и Македонски просветители;

-Изградба на улиците: Јордан Мијалков, 7 Ноември, Јане Сандански, 1 Македонска ударна бригада.


-Поплочување и одржување на тротоари и улици: Асфалтирање на улиците Александар Турунџе, Партизанска, Прилепска, Будва, Анастасија Узунова, Дејан Војвода, Стив Наумов, Дебарца, населба Бејбунар, Даме Груев, Ванчо Питошески, Охридска Бригада, Кирил и Методиј од Горна порта до Дрвара;

Во Љубаништа уредување на пешачка патека од селото до автокампот, уредување на улици во село Љубаништа и Трпејца;

Во Пештани улица Климент Охридски;

Асфалтирање и уредување на улици во Долно Коњско, Рача, Велестово, Рамне, Подмоље, Орман, Горно Лакочереј и Долно Лакочереј, Велгошти, Лескоец, Косел и Вапила.

Набавка на инсталација на асфалтна база во едно Јавно претпријатие.

Охрид мора да биде безбедно место за живеење преку изградбата на ефикасен систем на превенција и заштита од пожари.

Проекти за безбеден и убав Охрид:

-Изградба на хидрантска мрежа, -Набавка на нова опрема за противпожарна станица, Курсеви за пожарникари на меѓународни семинари, Набавка на нови возила.


-Набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крајбрежје.

Број 5 за безбеден сообраќај. Број 5 за безбеден град за живеење. Број 5 за убав град. Охрид повикува!

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged