Милошевски:Одберете напредок и резултати, за заеднички да направиме добри дела за поубав Охрид

Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски, денеска на градскиот плоштад ја одржа својата завршна прес конференција, пред неделното гласање.

Во продолжение интегрално го пренесуваме неговото обраќање:

Човек е успешен доколку е опкружен со среќни и задоволни луѓе. Целиот мој живот го посветив работејќи со луѓе, помагајќи да ја остварат својата среќа. Во животот се исправив пред уште еден предизвик, а тоа е можноста да помогнам на Охрид и охриѓани, нашиот град да биде поубаво место за живеење.
Успехот е резултат на посветеноста, на одговорниот однос, на дисциплината, на знаењето, на вештините. Стремежот кон успех мора да е континуиран, само така се достигнува целта. Како човек што живее во Охрид, не се откажувам никогаш, се трудам да ги остварам целите, да ја оправдам довербата.
Охрид мора да е убав. Охрид мора да функционира. Градот мора да се развие, бизнисот да функционира, да има приходи и да има успеси. За градот, за секој еден во Охрид и Охридско. Зад програмата За убав Град која има прецизни рокови на реализација стои мојот збор и углед, а луѓето кои ме познаваат знаат дека тоа ми е најважно. Одберете напредок и резултати, а јас во мојот живот сум покажал дека можам и умеам да создавам и правам добри дела. Овој пат заеднички да направиме добри дела за поубав Охрид.

Имаме сила. Верувам во вас, верувајте во мене. Ме знаете, се познаваме долго. Заеднички успех е поголем успех. Споделена радост е поголема радост. Со заеднички труд резултатите ќе бидат поголеми. За нас, и за нашите деца на 21 април да го заокружиме бројот 5. 5 за убав град! Охрид повикува!

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged