Затвор за убијците на Саздо, еден се уште на слобода

Македонија

Кривичниот суд во Скопје им изрече казна затвор во траење од 19 години за кривично дело убиство на Бесир Беља и Скендер Демири, коишто на 29 јуни 2018 година смртно го повредија дваесетгодишниот Никола Саздовски. Дополнително, обвинетите се задолжуваат да исплатат по 1.200.000 денари (19.500 евра) на родителите и на братот на убиениот.

Третоосомничениот сè уште е недостапен за органите на прогонот и по него е распишана домашна и меѓународна потерница.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged