(ФОТО)СДСМ и Георгиески ветија заштита на животната средина и чист воздух, а исекоа повеќе дрвја кај музичкото училиште

Охрид

Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние одговорно го слушаме и го разбираме крикот за чист воздух. Обезбедуваме чиста вода за пиење и чист воздух, зашто тие се клучни за здравје и за живот. За нас ништо не е поважно од здравјето на луѓето. Вака пишуваше во програмата на СДСМ „План за живот во Охрид“. Но очигледно СДСМ и Константин Георгиески ова го мислат само пред избори, а потоа го забораваат. И крикот на граѓаните за чист воздух го гледаат со други очи, инаку како поинкау да се свати нивната постапка да се исечат повеќе здрави дрвја кај музичкото училиште „Методи Патчев“.

Објаснувањето дека исечените дрвја биле стари со трули стебла не држи вода, бидејќи граѓаните кои живееат во близина го тврдат спротивното дека дрвјата биле во добра состојба, а истото може да се увиди и од сликите.

Господо од СДСМ и кандидат за градоначалник Константин Георгиески, обезбедувањето на чист воздух и заштита на животната средина се прави со садење на нови дрвја, а не сечење на и онака малкуте останати. Пред да ги исечете требаше на охриѓани да им кажете колку нови дрвја засадивте во вашето едно и пол годишно владеење.

Затоа охриѓани на 5 Мај треба да размислат дали вакви луѓе заслужуваат да го водат градот. Охрид е многу повеќе од нивните лаги и неостварени ветувања.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged