Во предизборната програма на Константин Георгиески, само лаги за реконструкција на локални патишта и сеење на магла

Охрид

Лаги и потценување на интелегенцијата на охриѓани. Тоа е она што кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески знае најдобро да го прави.

Денеска во соопштението испратено до медиумите во кое се презентира дел од неговата програма ќе наведат.

„Планирана е изградба на патен правец во село Велгошти до црквата Св.Никола и Реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расино во должина од 3300 метри. За овие два патни правци веќе се изработуваат основни проекти. Исто така во тек е изработка и на основен проект за Изградба на патен правец од село Лакочереј до село Лескоец.

Во рамки на Годишната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици планирана е Изградба на локален пат од село Свиништа до црквата Св.Богородица во должина од 1050 метри; Реконструкција на локалниот пат за село Куратица во должина од 5.500 метри; Изградба на дел од локален пат за село Плаќе; Реконструкција на патните правци за селата Завој и Свиништа и Реконструкција на локален пат од Регоналниот патен правец Охрид-Св Наум до автокампот Љубаништа во должина од 990 метри.

Посветени сме на барањата на граѓаните за континуирано подобрување на условите за  живеење. Ветуваме реални и остварливи проекти, а охриѓани знаат да ги препознаат вистинските вредности.“

Лаги, лаги и сеење магла. Тоа е она што може да се каже за денешното соопштение.

Изградба на патен правец до црквата Св. Никола, СДСМ ветуваше и во 2017. Од патот нема ништо. Изградба на патен правец од село Лакочереј до село Лескоец беше ветено исто така во 2017, но до ден денес и тоа ветување остана мртво слово на хартија. Таква ќе биде судбината и на останатите ветувања.

Очигледно СДСМ и Георгиески не се толку посветени на барањата на граѓаните после седнувањето во градоначалничката фотелја, посветеноста на нивните проблеми е само за во предизборната кампања.

Затоа охриѓани на 5 Мај треба да ги препозаат вистинските вредности и да кажат доста е од лаги и потценување на интелегенцијата.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged