(ФОТО)Или си СДСМ или не си:Вака пратеничката на СДСМ од Охрид, Жаклина Лазареска ја замислува метлата кој ја најави Заев. Членството и порача да се самоизмети

Охрид

„Или си СДСМ или не си!

Ако си тогаш засукај ги ракавите и бори се за демократија, просперитет, социјално и економско праведно општество, за функционален и независен правен систем, за солидарно и хумано општество, за функционални институции кои работат во интерес на сите граѓани.

Ако не си ајт СИКТЕР, МЕТЛА“

Ова е статусот објавен на фејсбук на пратеничката на СДСМ од Охрид, Жаклина Лазаревска, со кој се коментира најавата на претседателот на партијата Зоран Заев, дека изборниот резултат од претседателските избори е порака за чистка во партијата.

Ваквиот статус на Лазареска веднаш наиде на остри реакции од членството на СДСМ, кое очигледно нема заборавено дека истата Лазареска беше меѓу рекордерите во македонското собрани според исплатата на патни трошоци. Членовите и порачаа дека не треба вината да се бара во нив, туку метлата да биде за арогантните и занесени функционери, во кои според членовите на СДСМ спаѓа и Лазареска.

На нејзиниот статус реагираше и поранешниот претседател на ОО СДСМ Охрид и поранешен пратеник во Собранието на РМ, Томе Чинговски. Тој и порача на Лазареска да се самоизмети затоа што така најмногу ќе и помогне на партијата.

Дека членството на СДСМ е во право, односно дека партијата треба да расчисти со арогантните функционери, е и коментарот на директорката на Здравствен дом Охрид, Ајсел Зејноска, која им порача на членовите на партијата да се губат бидејќи од нив добивала наузеа, односно мачнини и повраќање.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged