В.д. градоначалникот Георгиески со лицемерие кон охриѓани и кон неговите коалициони партнери

Охрид

Иако в.д. градоначалникот Константин Георгиески често во политичките кругови пласира информации за негова нетрпеливост кон советничката група и локалното раководство на ДУИ од Охрид, и тоа го зборува насекаде, сепак прва одлука која ја донел откако е избран за в.д. градоначалник на Охрид е да потпише и објави оглас за раководна позиција во секторот за даноци на општина Охрид наменета за лице припадник на албанска националност односно кадар на ДУИ чие име се споменува во рамки на круговите на општинската администрација.

Од друга страна лицемерието на Георгиески кон локалната ДУИ може да се види во фактот што локалните избори ќе бидат распишани на 8 февруари и тогаш согласно законот огласот ќе биде ставен во мирување и избор ќе може да се изврши дури после завршување на изборите. Тоа е механизам кој Георгиески ќе го користи за да ја добие нивната поддршка во текот на изборите.

Оттука се поставува дилемата дали овој оглас го објавува како благодарност до ДУИ за гласовите за него во Советот при неговиот избор за в.д. градоначалник или и тој исто како и премериот Зоран Заев кој само за две недели успеа да ја направи Република Македонија северна и двојазична има некакви обврски кон оваа групација.
Граѓаните на Охрид заслужуваат одговори, а не лицемерие.
Целиот оглас за вработување во општина Охрид може да го видите на следниот линк: http://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/536

ОХРИД 24

Please follow and like us: