Силјановска Давкова од Струга: Не ги разликувам луѓето по етничка, верска или јазична припадност

Регион

Секогаш кога сме низ светот се чувствуваме како Костантин Миладинов, целата т’га за Македонија е т’гата за југот, порача кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Јас во вториот круг очекувам граѓаните на Струга без оглед на етничка, верска, јазична и друга припадност сами да одлучат бидејќи гласот е нивен, а не партиски, кому ќе му го доверат. Мислам дека доволно нешта во животот сум направила за да докажам дека не ги разликувам луѓето по етничка, верска или јазична припадност. Кога велам граѓанки и граѓани на Струга мислам не само на Македонците, мислам на Албанците, на Турците, на Ромите, на Власите, на Египјаните и на сите други, порача таа.

Таа посочи дека ги охрабрува граѓаните да гласаат.

Неверојатно ми значат овие гласови зошто она што ни е заедничко е Охридското езеро, ако сум јас родена во Охрид, Струга е тука и навистина ги охрабрувам, ги замолувам, ги убедувам дека доколку го дадат гласот за мене дека ќе го дадат гласот за некој кој што цел живот се водел и ќе се води и раководи од еднаквоста на сите пред правото во интерес на правдата и критиката, рече Силјановска Давкова.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged