Каде оди образованието со СДСМ: Средношколец му дал да пуши марихуана на соученик во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид

Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.11.2018 година во Охрид, ученик во ОЕМУЦ на друг ученик му дал да конзумира рачно изработена цигара, која претходно ја набавил од пријавениот. По ова, двајцата се вратиле на настава, по што на ученикот што ја конзумирал дрогата му се слошило и била побарана лекарска помош.

Ова не е прв случај во образовните институции во Охрид, да се користи марихуана.

Пред еден месец СВР Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“, поднесе кривична пријава против 20-годишно лице од прилепското село Ропотово, кое на повеќе лица од Битола, Кавадарци, Велес  и Охрид им продавал опојна дрога марихуана и им овозможил нејзино користење  во неговата интернатска соба, во интернатот кој се наоѓа во рамките на ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Оттука се поставува прашањето каде оди образованието во Охрид со СДСМ на власт.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged