Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на „17 Љубљана Опен“

Спорт

Викендов што доаѓа Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на „17 Љубљана Опен“ традиционално еден од најсилните Таеквон-до ИТФ турнири за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко.

Охридскиот клуб под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан ќе учествува на овој престижен турнир во скратен состав додека наредниот викенд во поголем состав ќе учествува на Гран при турнирот во Зворник БиХ.

Од клубот изразуваат најголема благодарност до нивниот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”кој e најзаслужен за сите нивни учествувања на најпрестижните турнири како и за нивните огромни успеси ,како што беше успехот од последното Европско првенство во Римини Италија, каде Давид Крстески на само 11 години освои бронзен медал и со тоа се запиша како најмлад спортист од нашата држава кој освоил медал од Европско првенство.

Исто така од клубот го најавуваат нивниот турнир на 22 јуни 2019 во СРЦ „Биљанини извори“, каде ќе имаме можност да ги гледаме нашите шампиони и да уживаме во убавините на овој спорт.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged