(ФОТО+ВИДЕО)Колекторот пред колапс: Кај Подмоље непречистени фекални и отпадни води директно се влеваат во Охридското Езеро

Охрид

Поради дотраеност  и неадекватно одржување на опремата состојбата со колекторскиот систем е доведена до целосен колапс.

Дел од непречистените фекалии и отпадни води директно се влеваат во Охридското езеро што претствува еколошка катастрофа со огромни последици кон животната средина и јавното здравје.

Жители на охридското село Подмоље, каде се наоѓа една од пумпните станици на колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро се жалат дека непречистена вода со фекалии деновиве се влева директно во езерото, поради што се шири неподнослива смреда.

Премиерот Зоран Заев пред една година најави дека владата е подготвена да  управува со  колекторот за прочистување на Охридското Езеро со обврска да го надогради и да биде максимално ставен во функција. Но засега конкретни активности на тој план сеуште нема.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged