На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид отворен иновативен хаб

Охрид

Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Универзитетите “Св. Климент Охридски” од Битола и “Фан С. Ноли” од Корча, Република Албанија.

Факултетот за туризам и угостителство е дел од проектот “Innovation eco-system in CBC area” финансиран од Европската Унија во рамките на IPA II CBC програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија, според инструментот за претпристапна помош (ИПА II), за 2014-2020. После поздравните говори на ректорите од двата Универзитети и потпишувањето на Меморандумот, се продолжи со работилница за Иновативен еко систем кој е таргет на проектот. Насловот на проектот е “Иновативен екосистем во областа на прекугранична соработка” (CBC INNOV8), а се однесува на подобрување на конкурентноста, бизнисот, трговијата и инвестициите во регионите на Охрид и Корча. Носители на проектот се EuroPartners Development, National Agency of Scientific Research and Innovation (ARTI), Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ).

Проектот поаѓа од позицијата дека Албанија и Македонија како соседни земји имаат многу ниско ниво на меѓусебна трговија. Прекуграничните старт-апи и МСП, покрај недоволно развиената инфраструктура, се карактеризираат со високо ниво на имиграција, а постојните бизниси се со ниско ниво на технолошки развој и конкурентност, додека пак образовните институции обезбедуваат формално знаење вклучително и наставни програми кои го поддржуваат самовработувањето. Слабата застапеност на иновациски програми остава многу млади луѓе без опција, освен да работат за некој друг или да го напуштат местото на постојано живеење. Поради тоа, проектот поаѓа од потребата за зголемување на врската помеѓу образованието и деловните субјекти. Проектот треба да овозможи поврзување на образованието и бизнсот, со тоа што бизнисот ќе има предности од користењето на услугите на иновацискиот хаб преку соработка со иновативни старт-апи финансирани преку хабот или преку пристап до информации кои ќе придонесат за поголем пораст во целната област. Високообразовните институции ќе служат како клучен двигател за технолошкиот развој на претпријатијата во секоја земја. “Претприемачки универзитети” може да обезбедат флексибилни наставни програми фокусирани главно на искористување на технологијата. Овој проект се состои од воспоставување на иновациска инфраструктура  за трансфер на know how технологии помеѓу старт-апи и МСП во областите на прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија. Главната цел на проектот е да помогне во рамките на постојниот образовен и бизнис контекст воспоставување на прекуграничен иновативен екосистем за МСП и старт-апи.

Целните групи на проектот вклучуваат: универзитети, истражувачки центри, образовни институции на прво ниво; Старт-апи во областите на прекугранична соработка како второ ниво на целни групи; и регионалните власти, општините во областа каде што ќе се имплементира овој проект, стопанските комори и претставниците на локалниот бизнис како трето ниво на целни групи.

Крајни корисници на ефектите од проектот се локалните жители во целниот регион (Охрид, Македонија и Корча, Албанија). Пошироката група на крајни корисници го вклучува целокупното население во двете земји поради економското влијание од поконкурентните старт-апи и мали и средни претпријатија.

Проектот е финансиран од Европската Комисија, застапувана од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged