Knigi Avtori Grigor Prlicev

Со изложба на книги се одбележуваат родендените на неколку роднокрајни автори

Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и во оваа 2019 година продолжува со воспоставената практика да бидат одбележани родендените на роднокрајните автори со изложба на нивните дела.

,,Овој јануари ги одбележуваме родендените на следните автори: Видое Видически, Иван Точко, Јован Котевски и Трајан Петровски.
Во читалната на нашата библиотека од денеска до 29 јануари ќе бидат изложени примероци од целокупното творештво од посочените автори”, велат од Библиотеката.
Во јануари е роден и патронот на Библиотеката поетот и преродбеник Григор Прличев, но чествувањето во негова спомен и слава традиционално се на 5 и 6 февруари со „Прличевите беседи“ и „Прличевата визита“.

Please follow and like us: