Затворена струшката хирургија – персоналот заболен со морбили

Регион

Хируршкото одделение во струшката општа болница е под клуч. Ова е затоа што повеќе од 50% од здравствените работници во ова одделение се заболени од мали сипаници, морбили, објави Алсат.

Комисијата за хоспитални инфекции во рамките на болницата вчера ја донела ваквата одлука, а денес за тоа биле известени Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје и Републичкиот санитарен инспекторат.

Веќе закажаните пациенти за операции биле информирани за новонастанатата ситуација, а итните случаи ќе се препраќаат во Охрид или во други болници.

Првично рокот до кога хирургија ќе биде затворена е 28 мај, а што понатаму никој не знае.

Прочитајте повеќе на Алсат

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged