26 медали (5 златни, 11 сребрени и 10- бронзени) за Таеквон-до клубот ”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид на “2 ГРАН ПРИ ЗВОРНИК 2019 ”

Спорт

Таеквон-до клубот ”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид , овој викенд (25 .05 2019) учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа турнир “2 Гран При Зворник” во БиХ кој е најјак турнир во регионов за пролетната натпреварувачка сезона, каде учество зедоа 36 клубови од 12 земји и тоа, Словенија, Хрватска, БиХ, Македонија, Србија, Австрија, Италија, Чешка, Бугарија, Романија, Унгарија, Грција и претставници од САД и Северна Кореја.

-На овој престижен турнир учествувавме благодарение на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” кој и овај пат ни овозможи да го покажеме нашиот квалитет , при што се вративме со 26 медали од кои 5 златни, 11 сребрени и 10 бронзени. Настапивме со 14 наши натпреварувачи, кои се натпреваруваа во 3 дисциплини, борби поединечно, форми поединечно , а машките кадети и јуниори се натпреваруваа и во борби екипно. Како на сите турнири така и на овој турнир не изостанаа судиските неправда, каде бевме оштетени за некој медал, но сепак нашите херои дадоа се до себе и повторно не направија да се гордееме со нив. На овај натпревар своето деби го имаа Михаил Јоноски, Александар Пуцоски и Никола Балчески кои успеаја да се закитат со медали уште на стартот на нивната натпреварувачка кариера со што ветувааат дека во иднина ќе имаме нова генерација на квалитетни натпреварувачи. Исто така во борби екипно кадетите беа оштетени во полуфиналето против екипата на Бугарија, со што им беше скратено задоволството да одат во финале. На јуниорската екипа во полуфинале не им претставуваше проблем домашната екипа, додека во финале тесно загубија од бугарската екипа. Можеме да се пофалиме и дека на ваков престижен турнир имавме македонско финале во борби јуниори + 75 кг, каде Христијан Митрески и Јане Димов ги совладаа своите конкуренти од другите држави и се најдоа еден против друг во финале, победата ја однесе Јане Димов кој на овај турнир се закити со 2 златни и 1 сребрен медал. Најдраматично беше финалето на Елена Јанеска која и во полуфинале и во финале беше соочена со противнички од Бугарија, а најголем протвиник и беа судиите, при што во финалето не и доделуваа поени, па извадија нерешено. Во продолжение успеаја да и го земат златото на Елена во борби кадетки 12-13 години +55 кг. Но тоа само ни дава повеќе мотив за нашиот турнир на 22 јуни 2019 година, во СРЦ „Билјанини Извори” да го докажеме нашиот квалитет. Користиме прилика да изразиме најголема благодарност до нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за сите наши успеси, велат од клубот.


Освојувачи на медали се:

Јане Димов
1 место –злато борби јуниори 16-17 год +75 кг.
1 место –злато форми јуниори плав појас
2 место –сребро борби јуниори-екипно

Давид Велковски
1 место –злато борби јуниори 16-17 год -69 кг. 3 место –бронза форми јуниори црвен појас. 2 место –сребро борби јуниори-екипно

Христијан Митрески
2 место –сребро борби јуниори 16-17 год +75 кг.
2 место –сребро форми јуниори црвен појас
2 место –сребро борби јуниори-екипно

Божидар Димитриевиќ
3 место –бронза борби јуниори 14-15 год +70 кг.
2 место –сребро борби јуниори-екипно

Александар Пуцоски
3 место –бронза борби јуниори 14-15 год -63
2 место –сребро форми јуниори жолт појас
2 место –сребро борби јуниори-екипно

Никола Балчески
3 место –бронза борби јуниори 14-15 год -50 кг.
2 место –сребро борби јуниори-екипно

Филип Трифуноски
1 место –злато борби кадети 12-13 год + 60 кг.
3 место –бронза борби кадети екипно

Михаил Јоноски
2 место –сребро борби кадети 12-13 год -45 кг.
3 место –бронза борби кадети екипно

Марио Крстески
3 место –бронза борби кадети 12-13 год -50 кг.
3 место –бронза борби кадети екипно

Давид Крстески
3 место –бронза борби кадети екипно

Елена Јанеска
2 место –сребро борби кадетки 12-13 год +55 кг.
3 место –бронза форми кадетки зелен појас

Анастасија Вељаноска
1 место –злато форми јуниорки жолт појас

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged