Вебер: ЕПП има мандат за состав на нова Европска комисија

Свет

Водечкиот кандидат на Европската народна партија за функцијата претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, изјави дека ЕПП по европските избори, и покрај загубите, и понатаму останува најголема група во Европскиот парламент.

-Не постои стабилно мнозинство во Европскиот парламент без Европската народна партија. ЕПП денес е најважната група ако ги погледнеме бројките, рече Вебер. По објавувањето на прелиминарните резултати од европските избори, тој истакна дека најважниот резултат е дека „европската демократија е жива”, што се гледа во излезноста од над 50 проценти. Водечкиот кандидат на европските конзервативци вели дека ветил стабилност за граѓаните на Европа за време на кампањата и потврди дека ЕПП ќе работи за таа цел во следниот петгодишен мандат.

Вебер ги повика сите да разговараат за мандатот за иднината на ЕУ, истакнувајќи дека соработката нема да биде со леви и десничарски екстремисти и ја истакна поддршката за водечките лидери на групите на изборите за претседател на Европската комисија. Тој посебно го поздрави успехот на Зелените, оквалификувајќиу ги како „големи победници“ и најави преговори со нив за создавање мнозинство.

Според проекциите за идниот состав на Европарламентот, направени врз основа на делумните резултати од државите членки, два најсилни партии остануваат Европската народна партија со 178 мандати (38 помалку од досега) и социјалистите со 153 пратеници (34 помалку отколку во досегашниот состав).

Либералите (АЛДЕ) се трета политичка сила, кои заедно со пратениците од листата на францускиот претседател Емануел Макрон имаат 109 мандати (40 повеќе од досега). Зелените добија 64 мандати, односно 12 повеќе од досега.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged