Промоција на новата книга поезија од Смиле Наумоски Брсјак „ЦВЕТОТ – психосеанса – “

Култура

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид на 30 мај во четврток од 13 часот ќе се одржи промоција на новата книга поезија од Смиле Наумоски Брсјак „ЦВЕТОТ – психосеанса – “.

Промотор на книгата ќе биде Мерсиха Исмајлоска, а стихови ќе чита Александра Алексијевска.

Книгата е илустрирана со слики во боја кои се хармонизирани со поезијата.

„Цветот – психосеанса- неколку спомени од претходниот живот“ започнува со филозофско – поетски текст како вовед, содржи пет поетични раскази, 25 песни, осврт, био-библиографија и завршен дел на задната корица.

Смиле Наумоски – Брсјак е познат охридски и македонски поет и писател и зад себе има девет книги поезија и проза.

Член е на ДПМ од 1994 г. и освен со литература се занимава со сликање, вајање и музицирање. Живее и твори во Охрид.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged