Фатени рибарски мрежи во Радожда

Регион

На 24 јануари оваа година околу 06 часот и 30 минути, во близина на струшкото село Радожда, при излегување од пловен објект од водите на Охридското Езеро, затекнати се Д.С.(55) и Т.Н.(24), двајцата од селото Радожда.

„Притоа, во пловниот објект пронајдени се рибарски мрежи, средство за риболов „САК“ како и друга риболовна опрема. Истите се одземени а по целосно документирање на настанот, согласно Законот за рибарство и аквакултура, против Д.С. и Т.Н. ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираат од СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged