Грчкиот Парламент гласаше „За“ Северна Македонија

Свет

Грчкиот Парламент со 153 гласа „за“, еден воздржан и 146 „против“ го усвои Договорот од Преспа на Заев и Алексис Ципрас, а беше резултат на долги преговори што ги водеа министрите за надворешни рабти Никола Димитров и сега екс-министерот Никос Коѕијас, со посредство на медијаторот на ОН, Метју Нимиц. Договорот доби апсолутно мнозинство од 151 од вкупно 300 пратеници.

Дебатата траеше три дена, а со говор, ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

На расправата за ратификација на Договорот од Преспа, пријавени за збор беа 205 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, како и координаторите на партиите, министрите во владата и лидерите на политичките партии.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged