Хрватската поетеса Моника Херцег е добитникот на наградата „Мостови на Струга“ на СВП за 2019 година

Култура

Годинашен добитник на наградата „Мостови на Струга“, што ја доделува фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) под покровителство на УНЕСКО за најдобра дебитантска книга, е хрватската поетеса Моника Херцег. Признанието е за нејзиното првенче „Почетни координати“ (Početne koordinate), збирка објавена во текот на 2018 година.

Наградената книга според правилата од страна на Струшките вечери на поезијата ќе биде објавена во тројазично издание (хрватски, македонски и англиски јазик). Истата ќе биде претставена за време на овогодишното издание на фестивалот (21–28 август), кога и ќе ѝ биде врачена наградата.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged