По предлог на градоначалникот и ЈП „Билјанини извори“ паркингот од поштата до кружниот тек на плоштадот ќе биде 100 денари за час

Охрид

Охриѓани и гостите доколку сакаат да се паркираат на потегот од поштата до кружниот тек на градскиот плоштад ќе плаќаат двојно поскапо од досега.

Имено по предлог на градоначалникот Константин Георгиески и ЈП „Билјанини извори“, советниците на седницата закажана за понеделник ќе одлучуваат по точката цената на паркинот од поштата до кружниот тек на плоштадот да се зголеми на 100 денари за еден час.

Имајќи во предвид дека мнозинството во советот го има СДСМ и коалицијата повеќе од јасно е дека оваа одлука ќе биде донесена.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged