(ФОТО)Отруено куче во стариот дел на Охрид: Отровот поставен од вработени во ЈП „Охридски комуналец“?

Охрид

Читател на ОХРИД 24, претпладнево до нашата редакција испрати фотографија на отруено куче во стариот дел на Охрид, поточно до филијалата на „Стопанска банка Битола“.

Според нашиот извор отровот бил поставен од вработени во ЈП „Охридски комуналец“.

-Илјадници туристи поминуваат од овдека и ова претставува голем срам за градот како најголем туристички центар. Власта наместо да ги труе кучињата и на тој начин најлесно да се справи со проблемот, треба конечно да најде адекватно решение за бездомните кучиња, реагира нашиот читател.

Инаку во последно време бројот на напади од бездомни кучиња е во пораст, а надлежните институции останаа само со ветувања за решение на проблемот.

Како што објавивме претходно советот иако во повеќе наврати одобрувал средства за решавање на проблемот со бездомните кучиња, директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Љупчо Грданоски не сторил ништо за да го реши проблемот.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged