(ФОТО)Фекалии се излеваат во Охридско Езеро кај Воска

Охрид

Фекалии се излеваат директно во водите на Охридско Езеро кај населбата Воска, во близина на хотел Мизо.

Читател на ОХРИД 24 ни испрати слики и алармираше за овој проблем.

-Во близина на хотел Мизо, има цевка директно е на плажата и од неа излегуваат фекалии кои се влеваат во езерот. Цела околина смрди, а тука е преполно со холанѓани туристи. Ова е стварно нееколошки, вели во реакцијата нашиот читател.

Инаку во повеќе наврати пишувавме дека колекторот во Охрид е пред сериозен колапс и властите треба што поскоро да се ангажираат да се санира овој горлив проблем за езерото. Токму и проблемот со колекторот е нешто на што алармираше и УНЕСКО во извештајот со кои Охрид се предлага да биде ставен на листата на загрозени подрачја.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged