480 километри пат нема цела Македонија, а тој се фали дека толку направил

Македонија

Владата на Зоран Заев на големо се фали како гради патишта, гасовод, градинки, училишта. Не престануваат фалбите како невработеноста се намалила, а животниот стандард пораснал. И сето тоа звучи така како што звучи и некој можеби му верува, но за најголемиот дел од граѓаните на оваа земја, сето тоа е китење со туѓи перја, бидејќи позитивните економски резултати, кои сега се покажуваат всушност се започнати проекти од времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Дел од нив се довршени, дел сѐ уште се довршуваат, но сите беа започнати пред неколку години, кога СДСМ само претендираше да ја преземе власта.

Имено, Заев по повод две години Влада, побрза да каже дека со заложба на неговиот тим, се изградиле 480 километри патишта, во кои ги вброи делницата Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и автопатот Кичево- Охрид, кој патем, речено сѐ уште се гради, присвојувајќи си ја целосно заслугата за нивно градење. Но никој не може да го негира фактот дека на сите овие патни правци започнато е да се работи или скоро беа направени во времето на владеењето на претходната власт на ВМРО ДПМНЕ. Тогашната опозициска партија СДСМ на големо плукаше по овие проекти кои сега ги присвојува, а кога дојде на власт тенденциозно го одложуваше нивото финализирање, како сега би можела да каже дека таа ги изградила. Но, и граѓаните не пијат нафта, па реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат.

Владата нескортлива во желбата што побрзо да почне да го наплаќа користењето на новите авопатишта, побрза да распише тендер за изградба на три нови патарини, од кои едната е за автопатот Кичево Охрид, кој сѐ уште е во фаза на градба. Република испрати прашања до Јавното претпријатие за државни патишта, со кои побара одговор зошто тендерот се однесува на патарина на пат кој не е изграден, дали тоа значи дека кога ќе биде направен, овој патен правец веднаш ќе добие и патарина и кога се планира да  биде завршен и пуштен во употреба автопатот Кичево-Охрид, но одговор на овие прашања и по три дена не добивме.

извор: Република

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged