„А1он“: Советникот Усеини ја изгради дивоградбата во заштитеното јадро од УНЕСКО

Охрид

Советникот во Општина Охрид од ДУИ, Нефи Усеини, ја завршува изградбата на објектот кај Чинарот, за која нема дозвола од институциите, а земјиштето е во државна сопственост. Наместо поставување на урбана опрема, во заштитеното јадро на Охрид е изграден објект од бетон, што претставува тврда градба, пренесува „А1он“

Изградбата на дивиот објектот за кој Усеини тврдеше дека ќе биде летна тераса започна во март. Изминативе три месеци, во заштитеното подрајче кое е дел од УНЕСКО, се ставаше метална конструкција, а сега на два метри од Чинарот има бетонска градба. Општината Охрид донесе решение за уривање уште кога се поставуваа темелите, на 25 март. Оттогаш, градоначалникот Константин Георгиевски не реагира на нелегалните градежни активности чиј инвеститор е совеникот Нефи Усеини, правдајќи се дека Општината нема избрано фирма за уривање. Тендер за наоѓање на фирма, сеуште не е распишан.

Медиумите толерантниот однос на Георгиески кон дивоградбата го гледаат во поддршката што Усеини му ја пружил за време на изборите, со агитирање на гласачи.

Усеини нема договор за закуп на земјиштето, а градењето во заштитеното јадро во Охрид е строго реулирано. Но, иако се прекршуваат низа закони, инспекторатите не реагираат. Наместо надлежните органи, работат само мајсторите кои ја завршуваат изградбата на дивоградбата.

„А1он“ пред еден месец го исконтактира Усани за да го праша зошто гради и покрај решението да ја отстрани градбата, на што тој одговори со пцости.

-Ма иди во п**ку матер. Мамицата да ти ја е**м. Која дивоградба пи*ка ти матер, рече совеникот од ДУИ, Усеини, не дозволувајќи да му се постави прашањето, по што го исклучи повикот.

Советникот Усеини во предизборието беше пријавен во полиција за напад на инспектор од Скопје, кој сакал да изврши инспекциски надзор на дивоградбата во заштитеното јадро на Охрид. И по речиси два месеци, совеникот од ДУИ не се гони за ниту едно кривично дело.

Нелегалните градби што не ги гледа Општина Охрид ги виде УНЕСКО. Во последниот извештај УНЕСКО нотира природното богатство на градот да биде ставено на листата на загрозено светско наследство.

Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

извор: „А1он“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged