Директорот на ЈП „Водовод“ Охрид за угостителски услуги во 2017, 2018 и за првите три месеци од 2019 потрошил речиси 1.000.000 денари

Охрид

Владимир Алексијоски, директорот на ЈП „Водовод“ Охрид за угостителски услуги во 2017, во 2018 и првите три месеци од 2019 потрошил речиси 1.000.000 денари.

Во 2017 за угостителски услуги биле потрошени 320.000 денари, во 2018 биле потрошени 453.009 денари, додека само за првите три месеци директорот Алексијоски на угостителски услуги потрошил 180.000 денари.

Редакцијата на ОХРИД 24 во неколку наврати прати прашање на оваа тема до службата за односи со јавност на ова претпријатие. Прашањето беше:

1. Колку е потрошено за репрезентација за 2018 година и од 01.01.2019 до 07.06.2019 година?

До ден денеска одговор не добивме. Дали службите во ЈП „Водовод“ преку не одговарањето на нашето прашање сакале да ги скријат овие суми од јавноста.

Прашуваме дали некогаш ќе се најде човек кој наместо за своите интереси ќе се грижи за интересите на граѓаните.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged