(ФОТО)Фекалии се влеваат во Охридско езеро, реконструкцијата на колекторот ниту на повидок

Охрид

Отпадни води истекуваат од колекторскиот систем во населбата Свети Стефан во Охрид и директно се влеваат во Охридското Езеро.

Непријатна миризба се шири во околината и покрај почетокот на туристичката сезона и се поголемиот број на капачи. 

Проблемот со колекторот беше нотиран и во најновиот нацрт извештај на УНЕСКО во кој се препорачува Охрид да биде ставен на листата на загрозени подрачја.

Меѓу другото за Охрид да не го загуби комплетно статусот во УНЕСКО се бара да се реши проблемот со колекторот, но локалната власт во Охрид наместо со колекторот и решавање на позначајните барања се зафати со корнење на палмите долж кејот.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged