Аџиоски: СДСМ и Мерко од Струга направија град на хаос и безредие

Регион

Во пресрет на летната сезона во Струга, од денес градоначалникот Рамиз Мерко и СДСМ воведуваат нов сообраќаен режим со што градот повторно ќе биде блокиран како што тоа беше случај пред неколку години, обвини претседателот на ВМРО ДПМНЕ ОК Струга, Мирче Аџиоски.

Имено, на улиците ,,Пролетерски Бригади” и ,,15-ти Корпус”, сообраќајот ќе се одвива во еден правец, со што на левата страна на улицата ќе биде место за паралелен паркинг, а од десната страна, патека за велосипеди. СДСМ и градоначалникот Рамиз Мерко за да направат личен профит од каде ќе стигнат, очигледно заборавија на граѓаните и на нивните потреби и во пресрет на туристичката сезона, Струга повторно ќе стане блокиран град, истакна Аџиоски и надополна:

Потребите на граѓаните на Струга ви се на последно место, ама затоа пак потребите за вашиот личен профит и профитот на вашите коалициони партнери од СДСМ, ви е на прво место. Очигледно, заборавивте дека Струга е туристички град, па успеавте пред сезона да направите невиден хаос во сообраќајот!

Според Аџиоски СДСМ и Мерко не направиле ништо за Струга и стружани, иако пред избори имале полни раце со празни ветувања!

Ова лудило мора да престане, доста го залажувате народот! Од Град на поезијата вие направивте град на безредие и хаос! Но, затоа ќе ви порачаме дека ќе ве стигне казната на народот, и тоа многу брзо, нагласи претседателот на ВМРО ДПМНЕ ОК Струга.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged