(ФОТО+ВИДЕО)Верниците го исполнија манастирот „Свети Еразмо Охридски“

Охрид

Реки народ, православни христијани вечерва се упатуваа и слеваа кон манастирот „Свети Еразмо“.

Илјадници луѓе во колони чекаа за да влезат во овој христијански храм да запалат свеќа и да се помолат за здравје.

Во манастирот се служеше празнична вечерна богослужба по повод празникот со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Почеток на Вечерната богослужба на која чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. „Самиот себе се принесе на Христа како чесно свештенство, себлажени, кој ги љубеше Неговите рани, и не се исплаши ни од свирепоста на мачењето, ниту од заканите на мачителите, премудар Еразмо, туку, радувајќи се, си Му викал на твојот Господ и Бог на сите: Те знам и Те славам, Слове Божји, со Отецот и со Духот“ Свети Еразмо, моли го Бога за нас!

Posted by Свети Еразмо – Охридски Чудотворец on Friday, June 14, 2019

Кон овој светец охриѓани негуваат посебен култ. Св. Еразмо се смета за заштитник на возачите, а верниците во храмот посветен на него се молат и оставаат дарови за здравје.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged