ДСЗИ: Не се констатирани недостатоци во третманот на родилката од Охрид

Македонија

После извршениот вонредни инспекциски надзор во сите здравствени установи каде родилката од Охрид била лекувана, а врз основа на увидот во целокупната документација, Државниот санитарен и здравствен инспекторат излезе со официјален документ во кој е констатирана следната состојба:

„Пациентката М.Т.П. на ден 11.06.2019 година во 04.15 часот е примена на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница Охрид, со прснат воденик во 38. гестациска недела. По направените испитувања по протокол, поставена е индикација за оперативно завршување на раѓањето. Оперативниот тек бил уреден, без компликации, родено е живо женско бебе, со родилна тежина и должина 2.130 гр/46 см со добри витални параметри. Раниот постоперативен период на пациенката уреден, сѐ до утрото 16.06.2019 год., 5-ти постоперативен ден кога од страна на дежурниот забележан е оскуден серозен исцедок од раната, поради што е извршена тоалета на раната. Во текот на денот направени и се лабораториски испитувања и дијагностички процедури. Наредниот ден поради влошена здравствена состојба и врз основа на конзилијарно мислење, пациентката со медицинска екипа и возило од ЈЗУ Општа болница Охрид се транспортира на клиники во Скопје. Во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство пацинтката М.Т. донесена e на ден 17.06.2019 год. во 14 часот, прегледана, земена е нова лабораторија и со сите претходни анализи пратена е на конзилијарен преглед од абдоминален хирург. Во 18:30 часот пациентката е вратена на ГАК, направен запис за прием на оделот за анестезија и реанимација. По спроведени повеќе дијагностички и лабораториски испитувања, заради локален наод на оперативно поле на клиниката направена ревизија и обработка на флегмонозната рана, дадена е јака антибиотска терапија, аналгетици, антикоагуланси, антиеметици и гастропротективна терапија. И покрај преземените дијагностички и терапевтски мерки, состојбата на пациентката се влошувала така што на ден 20.06.2019 год. во 14 часот е примена на понатамошен третман и евалуација на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ –ОЕ КАРИЛ заради дисрупција на рана од царски рез. На прием пациентката била со немерлива тензија, ниска сатурација, во крајно тешка општа состојба. Веднаш е поставена на механичка вентилација и пристапено е кон поставување на централен венски катетер. За кратко време настанува брадикардија, асистолија, по што е пристапено кон реанимација по сите протоколи, но пациентката не реагира на реанимацијата и настапува смрт во 15.30 часот“.

Со оглед на фактот дека ДСЗИ во рамките на своите надлежности, не констатирал недостатоци, а со цел проверка во однос на стручната работа на здравствените установи и здравствените работници кои учествувале во породувањето на пациентката, како и нејзиниот постоперативен третман, Државниот санитарен и здравствен инспекторат согласно чл. 296 од Законот за здравствената заштита, до министерот за здравство иницира спроведување на стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во породувањето и натамошниот третман на пациентката, се вели во денешното соопштение на инспекторатот.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged