(ВИДЕО)Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид организираше Таеквондо ИТФ меѓународен турнир за паметење „ОХРИД ОПЕН 2019”

Спорт

Викендов  22 јуни 2019 во СРЦ. „Билјанини Извори ”  Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид го организираше меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир „ОХРИД ОПЕН 2019”  на кој учество зедоа околу 250 натпреварувачи од 26 клубови од Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија и Македонија.

-Најбројни беа клубовите од соседна Бугарија, при што можеме да се пофалиме дека беа дојдени најдобрите натпреварувачи од сите клубови, се натпреваруваа во две дисциплини форми и борби, при што имавме можност да гледаме врвни борби и техники на овој натпревар, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на клубот, претседател на Македонската ИТФ и поранешен светски вицешампион Прага’96.

Лазаревски надополнува:

„Изразувам најголема благодарност на нашиот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“, кој е најзаслужен што стигнавме до овој степен да можеме да организираме  турнир од ваков калибар, а воедно и најазслужен за одличната организација  на истиот турни. Истотака  огромна благодарност до Општината Охрид што несебично ни помогна да го организираме овој турнир, а за да биде комплетно на највисоко ниво нашиот турнир со пренос во живо и убави фотографии ни помогна Стојан Стојановски, најдобриот во оваа сфера, при што изразуваме огромна благодарност до него и неговата екипа. Истотака благодарност на сите  што помогнаа во учество на овај турнир родители, роднини, пријатели итн. Организацијата беше на највисоко ниво иако искуството не беше многу на наша страна, направивме турнир што ретко  некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Натпреварот беше под водство на Сабум  Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VI дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ и одговорен за југоисточна Европа, кој со своето искуство  помогна овој турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно. Воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот.“

  За најдобри клубови  на натпреварот  беа избрани

      1 место:   Калојан-Ладимекс од Перник

      2 место:   Фалкон  од Благоевград

      3 место:  Тервел 2006 од Севлиево

-Нашиот клуб настапи со 37 натпреварувачи, за дел од нив беше прв натпревар, за некои прв медал, што ни прави посебно задоволство  дека имаме веќе нови генерации кои се спремни и физички и психички за да ги бранат боите на нашиот клуб во иднина. Нашите натпреварувачи вкупно осовија 43  медали, од кои 11 златни, 10 сребрени и 22 бронзени, со што бевме најтрофеен клуб на натпреварот, нагласува Лазаревски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged